Најубавата жена на светот во уште едно неверојатно издание – Белучи и на 54 години ќе ве маѓепса со својата безвременска убавина
Неодоливата Моника Белучи е олицетворение на женственост и сексуална привлечност, и затоа важи за една од најпознатите и една од најубавите жени во светот.
Италијанската убавица е доказ дека годините се само броеви, бидејќи таа изгледа апсолутно беспрекорно иако наскоро треба да наполни 55 години .
Таа на модната ревија на Кристијан Диор во Париз, носеше прекрасен капут-фустан од истиот креатор од превртена кожа во кој изгледаше феноменално, особено поради темно црвената боја со која максимално ја нагласи својата неодолива, женствена фигура. Овој ретро стајлинг беше надополнет со темни, округли очила за сонце, обетките и мала црна чантичка исто така со потписот од модната куќа Диор.
Оваа креација ја носеше во комбинација со класични црни кожени чизми со висока тенка потпетица и со потисот на генијалниот Кристијан Лобутин.
Нејзината коса беше пуштена и со благо виткани локни, а таа со гордост ги покажа и своите брчки, бидејќи на себе имаше минимална шминка со која само ја нагласи својата природна и безвременска убавина.
https://www.instagram.com/p/Bs7qXocg-Nq/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/Bs6MluEldTh/?utm_source=ig_embed