Најубавата вест: Се вери ќерката на една од најпосакуваните жени во Македонија
Познатата македонска пејачка сподели прекрасна вест.
Се слави во семејството на Хелена и Ребека.
Кјара Гоља е ќерка на некогашната водителка Хелена Роза од бракот со Арбен Гоља.
ФОТО: Инстаграм / Хелена Роза
Хелена Роза и нејзината сестра, пејачката Ребека Јанковска Ристески отсекогаш важеле за едни од најпривлечни и најубави жени на нашата естрада.
Уште од многу млади и двете се дел од македонскиот шоу бизнис.
ФОТО: Инстаграм / Хелена Роза
Се чини дека убавината во нивното семејство е наследна, а доказ за тоа е и нивната наследничка Кјара.
Хелена заедно со Кјара, сопругот и синот веќе неколку години живее во Нов Зеланд.
ФОТО: Инстаграм / Хелена Роза
Активна е на социјалните мрежи и честопати зне да сподели фотографии од нивниот живот таму.
Кјара пак е една од најпознатите инфлуенсерки во Нов Зеланд.
Таа е исклучително убава и згодна девојка, а нејзиниот Инстаграм профил е исполнет со совети за вежбање и убавина.
ФОТО: Инстаграм / Кјара Гоља
Неколку години е во врска со своето момче Стефан, со кој едно беа и во посета на Македонија.
Пред неколку дена Кјара му кажа „ДА“ на својот сакан, а прекрасната вест на социјалните мрежи ја споделија нејзината мајка и тетка.
ФОТО: Инстаграм / Кјара Гоља
„Јуху мојат принцеза денеска ми ја запросија. Да сте вечно среќни двајцата. Ве сакам најмногу“, напиша Хелена.
„Нашата Кјара кажа ДА. Најубавата вест“, напиша Ребека.