Реклама
Наши ѕвезди

Најтешко и беше кога остана без својот татко – еве како Елена Ристеска ги лекува раните

Реклама

И покрај тоа што поминаа повеќе од три години откако поп пејачката Елена Ристеска го изгуби својот татко, болката поради загубата се уше е голема.

Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска

Нашата позната пејачка Елена Ристеска пред нешто повеќе од три години го изгуби својот татко кој не успеа да ја добие битката со тешката болест. Тоа за неа беше најтешкиот момент во животот, а пред извесен период на социјалните мрежи објави и неколку фотографи сеќавајќи се на него.

Пејачката не зборува често на оваа тема, но неодамна во интервјуто за Гламур магазин откри дека тетоважата што ја има на раката, знакот на бесконечноста поврзан со буквата „А“ е посветен на бесконечната љубов што ја чувствува кон нејзиниот прерано заминат татко Ацко.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска

Раната која што тој ја остави никогаш нема да зарасне, а колку и недостига кажува и коментарот што се уште стои на Инстаграм под нивната заедничка фотографија: „Боли, се повеќе и повеќе… Тато, ми недостигаш!“

Пејачката отворено зборуваше и како се бореше со сознанието дека нејзиниот татко боледува од рак.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска

Тоа биле најтешките моменти во нејзиниот живот, а по неговото заминување се обидувала да не мисли на она што се случило и чувствувала како се уште да е со неа. На убавите спомени цел живот ќе се сеќава, а својот мир го пронаоѓа се уште во бесконечниот свет на книгите.

Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска

Животот остава лузни

Но животот продолжува, па така и Елена мораше да собере сили и да продолжи онаму каде што застанала. Со неа неодамна поразговаравме на повеќе теми, а ја прашавме и како се справува со моментите кога ќе ја обеземе тага или кога некој ќе ја разочара. Еве што ни одговори таа:

„Разочарувањата се полезен дел од животот. Тие постојат за да ги цениме оние луѓе и ситуации кои вредат. Фала му на Бога, тука ми е музиката која никогаш не ме разочарала, па секогаш моето бегство од реалноста го пронаоѓам во неа. Така гласи и мојата тетоважа која е на италијански јазик ‘Музиката никогаш не ме изневери’“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button