Најсреќен „мајкин“, да бидеш даруван со благодати – емотивната порака од Алачки за нејзиниот колега
Фотографијата ги изненади сите
Алачки на својот Инстаграм му го честиташе роденденот на својот колега и драг пријател Спасен Силјаноски.
Познатата пејачка и водителка Адријана Алачки сподели посебна објава која што ја посвети на еден колега од јавната сцена – пејачот и нејзиниот партнер како водител во емисијата „Везилка“.
Станува збор за фолк-пејачот Спасен Силјаноски кој го прослави својот 40-ти роденден, па Алачки му порача:
„Најсреќен ,,мајкин”, твоето присуство секаде носи радост, песна, убавини, како што ти е душата, така да бидеш даруван со благодати… Секогаш вака со твоите сакани….Среќен роденден“, му напиша таа преку социјалните мрежи со фотографија на која покрај нив двајцата е и нивниот колега, македонскиот пејач Благоја Грујовски.
Фејсбук/ Адријана Алачки
Инаку, Спасен дојде на местото на Благоја Грујовски во емисијата „Везилка“ која што се емитува на телевизија Алфа.
Тој одлично се снајде и во оваа улога, а Алачки деновиве сподели и една фотографија од нивната најнова емисија.
Фејсбук/ Адријана Алачки
На неа е уште една голема македонска ѕвезда, Наум Петрески, а и Благоја деновиве објави фотка на која е со Наум и Спасен.
Повеќе од очигледно е дека тие не само што се во добри односи, туку имаат и одлична дружба, па секогаш кога ќе се соберат на едно место си поминуваат лудо и незаборавно, за што впрочем сведочат и овие нивни заеднички фотографии.
Фејсбук/ Благоја Грујовски
Во галеријата што следува погледнете повеќе фотографии со Спасен…