Најслаткиот момент на Марија Шерифовиќ со бебето – погледнете како пејачката се топи покрај него
Марија со новото видео ги воодушеви своите фанови
Пејачката ужива со својот наследник
Познатата пејачка Марија Шерифовиќ заедно со својата мајка Верица Шерифовиќ и синот Марио се вратија во Белград.
Таа најпрво ги покани пријателите и роднините да дојдат да го запознаат Марио, а потоа објави и едно видео со кое ги разнежни сите.
Имено, Марија откако го доби синот не се одвојува ни за момент од него, а сега на Инстаграм објави и едно видео на кое се гледа како се игра со неговите ноџиња, а потоа го бакнуваше и се „топеше“ додека го гушкаше.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Од снимките што досега ги објави, можеме да видиме дека станот што го има во Белград на вода веќе го подготвила за бебето, но и целосно го уредила во духот на новогодишните и божиќните празници.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Пејачката претходно го снимаше и нивниот лет од Америка, а како што самата откри во својот најнов влог, Марио речиси цело време спиеше. Со пејачката во авионот беше и нејзината мајка Верица, а Марија во еден момент објасни и како се поделиле околу чувањето на бебето.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
„Ситуацијата е следна. Јас не спиев ни минутка, џуниор спиеше. До сега јадеше три пати. Сега бабата е на ред. Кога ви ја снимам неа, тогаш е таа на ред, а кога не снимам, тогаш на мене ми се зафатени рацете“, изјави Шерифовиќ во шега во своето видео со кое ги воодушеви сите.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Кога се вратија во Белград, на аеродромот ги пречека пријател, а потоа заедно отидоа во нејзиниот стан каде ги дочека декорација во сина боја.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Шерифовиќ потоа го покажа и моментот кога пристигнаа во домот, додека го држеше малиот Марио во рацете.
„Е, пристигнавме дома. Ве сакам сите“, порача Марија.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Потсетуваме, Марија својот син Марио го доби со помош на сурогат мајка во Лос Анџелес, така што оваа вест ги изненади сите.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Откако стана мајка таа не се одвојува од својот наследник, за кого пред две години поминувала низ постапката за вадење на нејзините јајце клетки, а потоа и креирање на ембрионот.
„По сите тие генетски испитувања, дознав дека имам три здрави ембриони. Така се роди Марио“, изјави Шерифовиќ неодамна за „Блиц“. Повеќе за ова прочитајте тука…