Преку лето се е дозволено кога е во прашање летниот педикир
Моментите во кои ги покажуваме нозете кога носиме отворена обувки и ноктите на нозете доаѓаат најмногу до израз преку летниот период. Затоа треба правилно да ги негуваме, и стапалата и ноктите, бидејќи погледот на нозете ќе биде оној што ќе зборува многу за башата хигиена и нега.
https://www.instagram.com/p/Bj-h1r1jJRT/?utm_source=ig_embed
Педикирот можете да го направите во професионален салон, но и во удобноста на вашиот сопствен дом, а што се однесува до боите кои се популарни во летните месеци, сите нијанси можете да ги земете во предвид.
Bourjois – Tangerine
На нозете можете да носите и боја која инаку не би ја носеле на рацете, а тоа најчесто се некои посилни и подлабоки, подраматични нијанси на зелена, сина или виолетова боја. Во кратки црти сите оние кои во текот на годината жените најчесто ги избегнуваат, бидејќи деловното опкружување тоа можеби не им дозволува или едноставно не сакаат премногу впечатлив маникир. Но затоа кај летниот педикир сé е дозволено и што е најдобро – секоја боја ќе изгледа одлично, особено кога ќе добиете поцрн тен.
https://www.instagram.com/p/BlGbNZAloc0/?tagged=summer
Погледнете ги најпопуларните нијанси за ова лето:
Butter London – Across The Pond
Catrice – 33 Pink Outside The Box
Chanel – 626 Exuisite Pink
CND – Masquerade (130)
Deborah Lippman – Sea of Love
Dior – Splash 404
Illamasqua – Purity
LANCÔME – 144
Nailberry™ – Pop My Berry
nails inc. – White Out
OPI – Do You Lilac It
OPI – My Dogsled Is A Hybrid
Pupa – Pacific Beauty