Најпознатиот фустан од Зара доби свој достоен наследник
И покрај тоа што новиот фустан е нешто поскап, по него лудуваат светски познатите блогерки и инфлуенсерки.
Белиот фустан со црни точки стана хит оваа пролет и како вирус се ширеше на модните блогови и социјалните мрежи. Тој за многу кратко време стана моден хит на сезоната, а поради својот крој беше идеален за сите облици и големини на телото, па дури и за трудници.
Вљубеничките во модата го носеа на најразлични можни начини, со високи потпетици, но и со тренди патики.
Поради преголемата популарност фустанот се најде во бројни плакари, а неговата популарност не му наштети и тоа што и за време на попустите фустанот се продаваше без снижена цена.
Колку беше популарен зборува и тоа дека фустанот доби и свој личен профил на социјалните мрежи.
Затоа познатиот шпански бренд Зара својот пролетен фустан кој суверено владееше и преку целото лето, одлучи да го понуди и во нова есенска варијанта, но во малку поинакво издание. Имено, за разлика од пролетниот новиот модел е со интересен и ситен црвено-црн леопард дезен.
Неговата цена е нешто поголема од онаа на претходниoт фустан – оригиналниот во бела боа со дезен од црни точки, но се уште е во сосема прифатливи граници – 2590 денари.
А тоа дека и нему му се смее успехот како и на претходниот модел покажаа и познатите модни блогерки и инфлуенсерки кои веќе го имаат набавено и се пофалија со него на своите профили на социјалните мрежи.
Погледнете уште неколку интересни модели за оваа есен од овој познат шпански бренд…