Најпознатата баба на Балканот доби престижна награда – со својот феноменален изглед го воодушеви целиот свет
Најпознатата баба на Балканoт Жаклина Беридо иако гази во педесеттата години изгледа многу помладо отколку што е.
Доволно е само да го отворите нејзиниот профил на Инстаграм и ќе видите дека Жаклина Беридо Пизано (50) изгледа неверојатно младолико за нејзини години, но и дека нејзиниот моден вкус е феноменален.
И овој пат токму поради нејзиниот одличен стил таа доби и престижна награда.
Имано, во склоп на Филмскиот фестивал во Кан беше доделена наградата за „World Bloggers Awards“ на која баш оваа баба која ја викаат и највозбудливата баба на Инстаграм ја однесе наградата за најдобрата модна блогерка на светот.
„Бескрајни ви благодарам мои прекрасни Инстаграм пријатели, вие сте моите божествени души. Вие сте мојата инспирација. Вашите пораки, вашата поддршка и љубовта се мојата мотивација и смисла. Да продолжам и да бидам уште подобра во сé што правам“ – пишува во еден дел од нејзината објава на Инстагрм покрај фотографијата од црвениот килим од доделувањето на наградите.