Полека но сигурно им се ближи крајот на гелот и УВ ламбите
Dipping или dip-powder (потопување или натопи во прав) е нов начин на маникир, кој ги зајакнува и продолжува природните нокти. Методот кој потекнува од Америка ја заменува досегашната техника за правење на ноктите со гел или акрилик, и поради неговите повеќебројни предности станува сè попопуларен и кај нас.
При изработката на овој нокти, не се користат никакви прајмери кои ги сушат ноктите, УВ ламби, електрични и други алатки. Се користи база, активатор и сјај што се суши во воздух во комбинација со прашок во прав што содржи титаниум, калциум, витамин Е и каучук.
Па, зошто да не ја пробаме оваа техника и да им дадеме на нашите нокти поприродна нега?
https://www.youtube.com/watch?v=rp2UCDwQdgQ