Најновото издание на Агнеса е за чиста десетка – еве зошто русокосата Македонка е една од најпознатите дами на социјалните мрежи!

И жените се вртат по неа…

Скопјанката Агнеса Органџиева што и да облече изгледа светски и секоја жена е воодушевена од нејзиниот стил.
Таа каде и да се појави знае како да го привлече вниманието, како со својата појава, така и со облеката што ја носи.
Впрочем така беше и овој пат додека се шеташе низ градовите во Италија привлекувајќи ги погледите на случајните минувачи.

Таа со секое свое ново издание изгледа се подобро и подобро, а за тоа зборува и бројот на лајкови и коментари на социјалните мрежи.

Така беше и овој пат кога се прошета во тесен фустан во пудра нијанса, преку кој носеше брендирана марама. Таа со овој крој ги истакна своите раскошни атрибути, а целото издание го заокружи со тренди патики, бела чанта од познат светски бренд и големи очила за сонце со проѕирно стакло.

А доволно е само еден поглед и на оваа комбинација и веднаш ќе ви стане јасно зошто оваа дама сите ги воодушевува.
Погледнете ги и останатите нејзини изданија:
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева

Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
