Најнови детали за ужасот во тетовско: Покрај телата на мајката и ќерката – таткото и синот биле пронајдени во полусвесна состојба
Четиригодишно девојче и нејзината 38-годишна мајка се пронајдени мртви во тетовското село Слатино, потврдуваат од МВР за Прес24.
Освен телата на мајката и ќерката, пронајдени биле и таткото, како и синот кои имале влошена здравствена состојба. Таткото бил во полусвесна состојба.
Неофицијално, истражните органи се сомневаат на труење.
Официјално МВР за Прес24 соопшти дека пријавата дошла околу 14 часот од доктор од Теарце кој бил повикан од мајката на починатата жена и кој констатирам смрт.
-Денес (08-октомври) околу 14.00 часот во СВР Тетово Т.Ј. од Теарце во својство на доктор, пријавил дека во село Слатино бил повикан за интервенција од М.З. од тетовско Слатоно која ги нашла нејзината ќерка К.Ш.(36) и нејзината малолетна внука во нивната семејна куќа без знаци на живот, каде што од негова страна била констатирана смрт.
Веднаш било постапено по пријавата и обезбедено лице место каде што екипа при СВР Тетово во содејство со Јавен обвинител извршиле увид, а по наредба на обвинителот телото на починатите биле предадени за обдукција, а нејзиниот сопруг Р.Ш. (50) заедно со неговиот малолетен син, ќе бидат префрлени во Клиничка болница Тетово за укажување на лекарска помош, а потоа лицето Р.Ш. ќе биде задржан во полициска станица за понатамошна постапка.