Вести

НАЈНОВА ВЕСТ – Цените на овие производи од утре ќе се намалат за 30 проценти!

Advertisement

СДСМ соопшти дека мерката „гарантирана цена“, што ја вовеле како партија, а е за намалување на цените на прехранбените производи, е успешна и дава резултати.

Од таму додаваат дека цените паѓаат на стотици основни прехранбени производи.

Advertisement

„Граѓаните по пониски цени купуваат леб, млеко, млечни производи, месо, брашно, јајца, ориз и многу други прехранбени артикли.

Овие производи во маркетите се обележани со ‘гарантирана цена’, која е за 10 отсто пониска од цената по која се продавале на 1 август.

Фото Пекселс

За некои од производите, кои енормно поскапеа од август досега, цената е спуштена и до 40 %. Во наредниот период следува намалување и на цените на пијалаците“ велат од партијата.

Исто така, наведуваат дека инспекциите се на терен и проверуваат дали мерката за намалување на цените доследно се спроведува.

СДСМ со конкретни мерки и политики се грижи за граѓаните и го штити животниот стандард, порачаа од владејачката партија.

Фото Пекселс

Пијалоците од утре ќе бидат поевтини за 10 отсто, објави денеска премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференцијата по одлуката на владината седница.

– Во однос на цените на 19 септември во трговијата на големо се намалуваат за 10 проценти, а трговците на полиците и разладните уреди треба да ги одбележат со натписот „гарантирана цена“, рече Ковачевски.

Мерката ги опфаќа светло и лагер пиво, газирани и негазирани сокови, со исклучок на енергетски пијалоци, газирана и негазирана изворска вода. Одлуката ќе важи до 30 ноември, а таа ќе биде објавена денес во Службен весник.

Премиерот рече дека голем број трговци на вода и газирани пијалоци сами се пријавиле да ги намалат цените доброволно.

Премиерот Димитар Ковачевски денеска по владината седница објави дека од утре трговците се должни да ги ограничат профитните маржи на овошјето и зеленчукот.

Во трговијата на големо маржите ќе изнесуваат 10 проценти, а во трговијата на мало маржите не може да бидат поголеми од 15 проценти

Фото Рамстор

– Донесовме одлука за намалување на маржата кај овошјето и зеленчукот со што дополнително ќе се намалат цените до 30 проценти во однос на овие производи. Мерката ќе биде објавена во Службен весник и стапува на сила од утре, рече Ковачевски.

Премиерот потсети дека ова треба да предизвика дополнително поевтинување на овие продукти вои минатата недела влегоа во листата на производи со „гарантирана цена“ и трговците беа задолжени да им ги намалат цените за 10 отсто во однос на 1 август.

Фото Рамстор

– Следат мерки за намалување на увозните давачки за свеж зелечук, ориз, агруми, лимони, портокали и мандарини, како и намалување на царинските стапки за млечни производи со масленост над 10 проценти.

Овие одлуки ќе бидат донесени и објавени наредните денови и ќе бидат спроведени во пракса, додаде Ковачевски.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button