“Најмногу ја мразев сиромаштијата”: Ова е детската соба на Јелена Карлеуша пред да стане славна и да тежи милиони- од мајка и побарала само едно нешто!
Имала скромно детство...
Поп-дивата Јелена Карлеуша, денес вази за една од најбогатите пејачки во регионот. Таа поседува две прекрасни вили на Дедиње, но не крие дека не секогаш уживала во луксуз.
Имено детството и тинејџерските денови, кога ја започнала кариерата, ги поминала во скромен стан во Нов Белград, каде живеела со нејзината мајка Дивна.
Домот на Карлеуша денес вреди неколку милиони евра, зрачи со луксуз и се наоѓа во најелитната белградска населба.
По разводот на нејзините родители, таа живеела со нејзината мајка Дивна во скромен стан во близина на Фонтана во Нов Белград и живееле како секое просечно српско семејство во тоа време.
Како изгледал станот на Дивна и Јелена во Нов Белград може да се види на видео од 1998 година, кога Наташа Илиќ и екипата на „Музичка кутија“ го посетиле домот на младата пејачка.
Беспрекорно уредната кујна на Јелена и Дивна Карлеуша беше во темни тонови, со завеси во цветен дезен, а имаа и бројни саксии со зеленило.
Посебно интересна беше нејзината скромна соба во која имаше тросед и плишани играчки. Сепак, без разлика на тогашната тешка ситуација, Јелена во речиси секое интервју истакнуваше дека е многу среќна.
Јелена вака зборуваше за своето детство:
View this post on Instagram
– Кога бев мала, сиромаштијата најмногу ме нервираше. Ме уб,иваше кога ги гледав мајка ми, тетка ми и баба ми како се борат. Бев скромна девојка, која ништо не бараше од нив, освен да веруваат во мене дека еден ден ќе успеам. И успеав. За нив.
– Бев среќно дете, но во мој свет, не премногу разбрана во училишната средина. Бев поинаква во секоја смисла, од однесување до физички изглед, бидејќи бев многу висока, па уште како дете создадов свој свет. Постојано пеев, музиката и тогаш ми беше опсесија и ми беше кристално јасно што ќе правам. Тогаш реков дека е страшно што сум толку мала и што губам време чекајќи да пораснам и да станам тоа што сум денес. Мајка ми беше новинарка, татко ми беше многу успешен во полиција, но тие многу брзо се разведоа и ми го направија детството уште покомплицирано. Обележана со чудно презиме, пораснав со мајка ми, тетка ми и баба ми, кои ме научија да бидам алфа женка. Мајка ми беше и останува ѕвезда водилка и инспирација на целиот мој живот. Таа го одбележа на најубав можен начин. Доволно е да ги затворам очите и и сега можам сосема јасно да разговарам со неа – изјави еднаш Јелена за „Курир“.