Најзгодната баба меѓу пејачките во Македонија – изгледа НЕВЕРОЈАТНО, ова е тајната на нејзиниот изглед
Пејачката на почетокот од годината ја доби внуката Јана
Изгледа прекрасно за свои години
Познатата македонска фолк пејачка Даниела Темелковска на почетокот од оваа година ја доби внуката Јана и од тој момент дефинитивно важи за една од најзгодните баби на домашната јавна сцена.
Но тоа дека е баба никој не би можел да ни да претпостави, бидејќи Дани изгледа младолико и годините не оставиле никаква трага на неа.
Пејачката и денес плени со својот шарм и никој не е имун на нејзината убавина, посебно припадниците на посилниот пол.
Впрочем така беше и откако ги објави своите последни фотографии на кои изгледа минимум 20 години помладо.
Облечена во обична бела маичка таа направи селфи додека го пиеше кафето, а покрај неа уживаа неколку бели лебеди.
Многумина не остана имуни на нејзиниот изглед, посебно припадниците на посилниот пол, па следуваа бројни комплименти.
Инаку, пејачката посебно блеска на своите настапи, а за нејзиниот стил се грижи нејзината сестра Емилија која е модна креаторка.
Што се однесува до нејзиниот изглед, Дани во една пригода за Свет-Австралија откри дека не внимава претерано кога е исхраната во прашање и дека само повремено практикува вежбање.
„Но затоа пак, немам време за стареење“, изјави таа тогаш во шега, но овие фотки се доказ дека годините за неа навистина се само бројка.
Погледнете уште неколку изданија на оваа прекрасна дама…
Фото: Фејсбук/ Даниела Темелковска
Фото: Фејсбук/ Даниела Темелковска
Фото: Фејсбук/ Даниела Темелковска
Фото: Фејсбук/ Даниела Темелковска
Фото: Фејсбук/ Даниела Темелковска
Фото: Фејсбук/ Даниела Темелковска
Фото: Фејсбук/ Даниела Темелковска
Фото: Фејсбук/ Даниела Темелковска
Фото: Фејсбук/ Даниела Темелковска