Најжешката дама на светот го покажа трудничкиот стомак – нејзиниот посебен стил ќе им се допадне на многу бремени Македонки!

Само што дознавме дека Кејт Аптон и нејзиниот сопруг Џастин Верландер го чекаат првото дете, познатата трудница го претстави стомачето, на настанот „MLB All-Star Game“ во Вашингтон.

Кејт се појави во елегантно издание со најпопуларниот модел на очила за сонце. Исгледаше апсолутно шик и сигурни сме дека ќе им се допадне на многу идни мами од Македонија, впрочем како и нејзиниот партнер со кого заедно изгледаа како беспрекорен пар.

ADVERTISEMENT

Кејт и Џастин се венчаа минатата година во Токсана, а се свршија во 2016. Познатиот модел пред тоа ја носеше титулата за една од најсексапилните жени на светот. Нејзината популарност некои сакаа да ја нарушат поради вишокот килограми, па тогаш Кејт се појави со совршена линија и им ги затвори устите. Наскоро пак (најверојатно истите) ќе ја прогласуваат за најсекси мама!

Facebook Comments
No Comments Yet

Comments are closed