Најдобриот тренд за почетокот на пролеттната сезона – жолти нијанси во неверојатно шик изданија
Жолтата боја повторно е ИН
Покрај зелената, сината и розовата, во преодниот период ќе уживаме и во жолттата боја. Популарна е и сега, но во следните неколку месеци ќе добие уште позначајна улога. Можеме да ја носиме во најразлични комбинации и на секое парче облека, а во новите колекции на познатите брендови ќе најдете дузина модели од кои нема да можете да се одвоите. Можете да ја комбинирате со црна и зелена, а во преостанатиот дел од зимата внесете задолжително барем еден пар ракавици, џемпер или шал во овие неодоливи нијанси. Со нив ќе го разбиете зимското сивило и ќе изгледате потполно шик, а пролетта можете да ја дочекате во нежни капути, јакни и блуски со долги и кратки ракави во оваа светла боја.
Инспирирајте се и со стил дочекајте ја новата сезона…
Orsay
Orsay
Orsay
Orsay
Orsay
Bershka
Bershka
Stradivarius
Zara
Zara
Zara
Zara
Zara
Zara
Zara