Најдобар професор во светот доаѓа од Кенија и се вика Питер Табичи. Тој е професор по математика и физика во едно мало сиромашно село што стана познато преку ноќ по освојувањето на Global Teacher Prize.
Тој се натпреваруваше со 10 илјади други кандидати од 179 земји и доби милион долари од кој дел планира да ги донира.
Питер Табичи даде отказ во едно приватно школо за да ги учи математика и физика децата во едно село каде што 95% од луѓето живеат во сиромаштија. Часовите се пренатрупани, а понекогаш има и до 80 ученици во нив. Некои од нив мора да одат километри и километри за да посетуваат настава.
Питер дава 80% од неговата плата за да им помогне на учениците кои инаку не би можеле да платат за книги и униформи, и не можеле да го продолжат своето образование. Тој веќе најави дека ќе го донира поголемиот дел од паричната награда на сиромашните.
Секој ден, учениците и наставниците во неговото училиште се борат со недостаток на најважни ресурси, како што се книги, прибор за пишување, па и учебници.
Питер не е само учител, тој исто така сака да ја промени свеста на луѓето за традицијата на девојките кои се венчаат на рана возраст, поттикнувајќи ги семејствата да ги задржат своите ќерки во училиште.
И кенискиот претседател му честиташе на Питер за неверојатното достигнување: „Питер – твојата приказна е приказна за Африка, млад континент полн со таленти. Твоите ученици покажаа дека можам да се натпреварувам меѓу најдобрите во светот во науката, технологијата и во сите области на човечкиот живот”.