Луи од Англија во собата на своето момче пронашла тампон за кој била сигурна дека не e нејзин.
Нејзиното брилијантно решение да открие чив е предизвика бројни реакции, па многумина не можат да одлучат дали нејзиниот план е „генијален или психопатски“.
Нашла туѓи женски работи
Фото Тик ток
Луи рече дека видела скриен тампон и маскара под неговиот плакар првиот пат кога останала со своето момче во неговата студентска соба. Му седнала во скут, се наведнала наназад, а потоа видела женски работи.
Во нејзиното видео таа објаснила дека го прашала своето момче чии се тие работи, а тој рекол дека никогаш друга девојка не била во неговата соба.
Фото Тик ток
Младиот човек рекол дека работите можеби му припаѓале на личноста која живеела во таа соба пред него.
Луи ги коментираше нејзините чувства и рече: „Кога ќе најдеш тампон и маскара под комодата на твоето момче, а тој сè негира, треба да направиш сопствено истражување“. Во тој момент таа смислила генијален план.
Стратешки план
Не правела сцени и скандали, туку решила да направи нешто друго.
Во нејзиното видео на TikTok, таа ја покажа целата своја истрага, објаснувајќи: „Има тампон и маскара под плакарот на Фин, а тој негира дека бил овде со девојка. Нема доволно прашина на тие работи за да биде стара“.
Фото Тик ток
Луи потоа ја контактирала фабриката за да дознае кога е произведен тампонот. Младата детективка го искористила серискиот број на тампонот за да дознае повеќе детали и да ја разбере временската рамка на врската со нејзиното момче.
Вработената на Грејс одговорила на нејзината е-пошта и и кажала дека тампонот е произведен на 11 декември 2019 година. Тој „состанок“ бил, за среќа, пред таа воопшто да стапи во врска со нејзиниот партнер.
@loissa4 Reply to @way2fiesty4u1 STORY TIME P1 #storytime ♬ original sound – Lois Sa
Видеото е прегледано повеќе од девет милиони пати. Многумина и честитаа на нејзиниот брилијантен напор да ја открие вистината за тампоните. „Не сум сигурна дали ова е генијално или психо“, напиша една жена, додека друга додаде: „Ова е неверојатно“.
Некои напишаа дека тоа е „црвено знаме“ и дека треба да му верува на своето момче. „Зошто сите го сфаќаат ова толку сериозно е всушност многу смешно“, напишала една жена, според Брајтсајд.