Главната предност поради која го обожаваат овој модел е затоа што е направен од сатен и припиен за телото е одличен за високите температури, а и фантастично изгледа.
Во прашање се таканаречените „слип“ здолништа кои се инспирирани од истоимените фустани кои се во тренд веќе неколку сезони, а беа популарни и во 90-тите кога на црвениот килим ги носеа актерките Гвинет Палтроу и Винона Рајдер или моделите како Кејт Мос и Наоми Кемпбал.
https://www.instagram.com/p/BkRZaz_jDk9/
Голема улога за враќањето на овој модел имаше брендот „Realisation Par“ и нивниот модел „The Naomi“ со леопард дезен кој го покори Инстаграм. Моделот веднаш беше распродаден, па брендот лансираше уште три модели со различни дезени кои исто така станаа хит.
https://www.instagram.com/p/Bh7F2a9Hrb8/
Во прашање е миди сатенски модел со карактеристичен пад во пределот на колковите и лежерно ширење во колената. Моделот совршено стои низ тело и може да се комбинира со маици без ракави или кошули, а кога е постудено одлично се сложува и со лежерно плетиво па дури и со „sweatshirt“. Големата популарност на моделот донесе и негови варијации, па така можеме да пронајдеме и мини слип здолниште, модели со карнери, асиметрични модели… Во продолжение погледнете ги најрепрезентативните примери и начини на кои ги носат ИТ девојките на социјалните мрежи.
https://www.instagram.com/p/BeUONSalkzi/
https://www.instagram.com/p/Bl0VInWHnUZ/
https://www.instagram.com/p/BmJIZ_GnBC1/