Ги сакаме СИТЕ во своите плакари …
Без разлика на температурите и најавите на метеоролозите, летото официјално пристигна, а многумина од вас веќе се подготвуваат да заминат на годишен одмор. Па ако веќе не сте на плажа, не заборавајте дека крајот на овој месец секогаш е одлично време за шопинг особено за парчиња што ќе ги спакувате во куферите и ќе ги носите на вашиот годишен одмор. Тука секако не мислиме на разно-разните креми и масла за сончање со заштитен фактор кои исто така се маст-хев за овој период од годината, туку на новите модели на костими за капење кои совршено ќе одговараат на вашето тело, како и сите оние модни додатоци кои треба да ги имате при раце кога одите на плажа. Па така наместо високи потпетици и елегантни модни додатоци сега е вистинското време за рамни сандали и сламени шешири, барем еден добар пар очила за сонце, две-три крпи за на плажа и една или две практични торби во кои ќе го сместите сето она што ви е потребно и ќе го однесете покрај морето. Ние, за да ви ја олесниме потрагата по овие парчиња денес специјално за вас ги избравме најдобрите модни додатоци (и неколку костими за капење) со кои ќе бидете мирни и безгрижни до крајот на летото.
Bershka
Bershka
Bershka
Bershka
Bershka
Bershka
Bershka
Bershka
H&M
H&M
Mango
Mango
Tommy Hilfiger
Tommy Hilfiger
Tommy Hilfiger
Tommy Hilfiger
Zara
Zara
Zara
Zara