Кои се придобивките од Кето диетата?
Намалување на тежината,
Контролирање на шеќерот во крвта,
Зголемување на фокусот,
Зголемување на енергијата,
Контролирање на апетитот,
Намалување на лошиот холестерол и крвен притисок,
Чистење на кожата од акни.
Што се јаде, а што е забрането за време на Кето диетата?
Забрането:
Зрнести плодови – пченица, пченка, приз, житарки,
Шеќер – мед, јаворов сируп,
Овошје – банани, јаболка, портокали,
Компир и сладок компир.
Дозволено:
Месо – риба, говедско, јагнешко,
Зелен лиснат зеленчук
Зеленчук кој расте над земја – брокула, карфиол,
Млечни производи со висока масленост
Јаткасти плодови и семки
Авокадо и шумско овошје
Засладувачи на база на стевиа
Останати масти – кокосово масло, дресинг за салати, заситени масти.
Поточно, вашиот дневен план на исхрана треба да изгледа вака:
Пример дневно мени за Кето диета:
Појадок: Кајгана на парче путер и салата од марула и авокадо
Ужина: Сончоглед
Ручек: Спанаќ со лосос на скара
Ужина: Стапчиња целер со гвакамоли
Вечера: Чисто свинско месо со салата од црвена зелка и пире од карфиол
Појадок: Омлет од меко сирење, сечкан зеленчук и доматен сос
Ужина: Павлака со јаткасти плодови
Ручек: Пилешки гради со салата од марула, краставица и козјо сирење
Ужина: Смути од бадемово млеко, зелен зеленчук и путер од бадем или кикирики
Вечера: Печени ракчиња со лимон и аспарагус или зелен зеленчук по желба
Појадок: Јајце потпечено во авокадо
Ужина: Чипс од зеленчук по желба
Ручек: Плескавица од говедско месо со листови марула, авокадо и салата по желба
Ужина: Сечкано сирење и парчиња слатка пиперка
Вечера: Пастрмка со путер и салата од зелен лиснат зеленчук