Нашите познати дами заблескаа на гости кај Алачки – Блага Петреска никогаш поубава, ова е причината
Познатите пејачки ги воодушевија сите
Нашата позната фолк-пејачка со потекло од Прилеп уште еднаш сервираше преубава комбинација во која блескаше.
Таа беше гостинка во емисијата „Везилка“ на Адријана Алачки во која се појави во преубав црн фустан кој и стоеше одлично.
Во прашање е долга креација со тенки прерамки и длабок шлиц, а Елена ја носеше со ненаметлива шминка и интересна фризура со локнички со кои дополнително го истакна својот шарм.
Во емисијата беше гостинка и пејачката Блага Петреска која исто така блескаша во црна креација.
Како тие изгледаа, но и неколку интересни црни креации за кои овие две дами со своите прекрасни и елегантни изданија не инспирираа, погледнете од фотографиите во продолжение…
Класик на кој времето не му минува
Црните фустани се најсигурна опција кога сакате да изгледате отмено и убаво, а во тоа не уверија и овие две дами.
Жените ги обожаваат и отсекогаш за нив црните фустани биле симбол на елеганција на кои не им минува времето.
Ги носат жените ширум светските метрополи, од Париз до Токио, и важат за „маст-хев“ парче за секоја жена од стил која што сака да ја изрази својата женственост, сила и елеганција со еден потег.
Неколку интересни модели погледнете во продолжение…