Нашите познати дами во костимот за капење што е хит ова лето

Ни стигна сезоната на костими за капење

И Ким Кардашијан го сака овој тренд

Припадничките на понежниот пол се уште се двоумат кои костими за капење да ги изберат за да изгледаат што подобро ова лето, а судејќи според она што го носат познатите дами, оваа година во тренд се моделите во бела боја.

ADVERTISEMENT

И тоа без разлика дали ќе изберете едноделен или дводелен модел, костимите за капење во бела боја им се омилени на многу наши познати дами.

Во апсолутно тренди модел неодамна позираше водителката Лила Филиповска која ги воодушеви обожавателите со својот избор.

Фото: Инстаграм

Да, веќе и врапчињата на гранките знаат дека белите модели ќе биде хит на плажите ова лето. Лила носи едноделен модел во оваа боја, со ефектен детаљ во пределот на деколтето, со кој убавата водителка во преден план го истакна овој дел од нејзиното занесно и исончано тело.

Фото: Инстаграм
Александра Накова во провокативен едноделен модел

Голема предност на моделот што го носи Лила е и во тоа што стои убаво на секој облик на тело и ја прекрива критичната зона на стомакот, а исто така може да се носи и во повеќе функции – не само во улога на костим за капење, туку и во комбинација со куси панталони или здолништа.

Фото: Инстаграм

Од друга страна пак, Јелена Карлеуша и Анастасија Ражнатовиќ избраа дводелни модели во оваа тренди боја.

Фото: Инстаграм
Facebook Comments
(Visited 207 times, 1 visits today)