Нашите музичари ќе се опарат и за Стара нова година – фолкерот Благоја Грујовски најави спектакл
На пејачите овој период од годината им е вистинско лудило
Еве со која колешка ќе настапи Благоја Грујовски за Стара Нова година
Стара нова година ќе се слави ноќта помеѓу 13 и 14 јануари, а многу наши музичари веќе одамна ги имаат закажано своите настапи.
Како што можевме да видиме од нивните најави, познатиот македонски фолк-пејач Благоја Грујовски заедно со својата колешка Татијана Стефановска и оркестарот на Игор Бежаноски Новата година по стариот календар ќе ја дочекаат со забаваа во еден познат ресторан во Охрид.
Фото: Принтскрин
Тие заедно ќе настапат и следниот ден, на 14 јануари, во Волино, а за нивните настапи веќе се бара влезница повеќе.
Потсетуваме, Татијана заедно со групата ДНК, Нино Величковски и групата „Фортуна“ за Нова година настапуваше во Охрид, а Благоја кој во последен момент ја откажа турнејата во Австралија што ја имаше закажано со Сања Цинцева, за дочекот на најлудата ноќ во годината направи забава за паметење во шведскиот град Вахјо.
Фото: Принтскрин
Благоја за Нова година настапуваше заедно со колешката Ема и групата Плетенка, а повеќе за ова прочитајте тука…