Нашиот познат водител ја расплака својата сопруга со овој потег – ПЕЈАЧКАТА овој гест нема никогаш да му го заборави!
Македонската пејачка славеше роденден, а нејзините најблиски ја преплавија со честитки.
Младата харфистка и пејачка, Сара Костадиновска или во јавноста позната како Сара Мејс е една од најпопуларните музичари во моментов на македонската естрадна сцена.
Сара е една од ретките кои јавно и отворено зборува за својот приватен живот.
Доста е активна на социјалните мрежи, а нејзините фанови со нетрпение очекуваат да видат некоја снимка или фотографија од нејзиното семејство.
Сара веќе 5 години е во брак со водителот Димитар Атанасовски.
Двајцата постојано споделуваат моменти од нивното секојдневие на Инстаграм и се доста популарни на социјалните мрежи.
Според она што може да се види од нивните објави тие уживаат во заедничките моменти и изгледаат вљубено како првиот ден.
Често знаат да си упатат и романтични посвети еден на друг.
Круна на нивната љубов се нивните две деца, ќерката Илина и синот Кирил.
Илина често патува заедно со своите родители, а објавите поврзани со неа се огромен хит на социјалните мрежи.
Со своите постапки Илина умее да ги насмее сите.
Фановите се топат и на новите видеа со преслаткиот Кирил.
Пејачката во едно од своите интервјуа изјави дека ужива во мајчинството и дека таа и Димитар не пропуштаат момент да уживаат во растењето на своите деца.
На прашањето каков сопруг е Димитар, Костадинова изјави:
„Уф. Тешко прашање. Мажот секогаш мисли дека дава се од себе, а на жената никогаш не и е доволно. Помага, а највеќе кога е одморен. Одличен татко е, Илина го обожава. Исто и сопруг. И жена му така“„ кажа Сара за „Гламур“.
Тие навистина изгледаат како пар од соништата, а на нивната љубов секој може да позавиди.
Сара наполни 32 години, оваа година како мајка на 2 деца.
Најубавата честитка секако ја доби лд својот сопруг, кој успеа и да ја расплаче.
Тој сподели нивна заедничка снимка на која се бакнуваат, па танцуваат и ја потсети пејачката на почетоците на нивната љубов.
„Драга @sarahmace__ , ти посакувам… ма знаеш што се’ ти посакувам, а и тоа што не ми текнало, ти можеш сама да си го оствариш.
Биди ни вечно здрава, насмеана, смела, инаетлива кога сакаш да си го оствариш своето и учи ги нашите деца да бидат точно тоа што си ти – бестрашна лавица.
Среќен роденден (кој иако е само бројка), партнерке во се’.
П.С. @miso_spasovski Фала ти за коментариве, одамна не сум го глеал видеово“, стои во опис на видеото.
ФОТО: Инстаграм / Сара Мејс
ФОТО: Инстаграм / Сара Мејс
ФОТО: Инстаграм / Сара Мејс
ФОТО: Инстаграм / Сара Мејс
ФОТО: Инстаграм / Сара Мејс
ФОТО: Инстаграм / Сара Мејс
ФОТО: Инстаграм / Сара Мејс
ФОТО: Инстаграм / Сара Мејс
ФОТО: Инстаграм / Сара Мејс
ФОТО: Инстаграм / Сара Мејс
ФОТО: Инстаграм / Сара Мејс
ФОТО: Инстаграм / Сара Мејс
ФОТО: Инстаграм / Сара Мејс
ФОТО: Инстаграм / Сара Мејс
ФОТО: Инстаграм / Сара Мејс