Нашата фолкерка со никогаш подлабоко деколте – македонската Барбика знае да привлече внимание
Никогаш поубава
Македонската пејачка Сања Цинцева, попозната како Сања Барби, важи за една од најубавите жени на нашата сцена.
Каде и да се појави привлекува внимание, посебно кога е стокмен за своите настапи кога плени и со модните комбинации што ги носи.
Така беше и овој пат кога Барби објави неколку снимки на социјалните мрежи со кои никого не остави рамнодушен.
Инстаграм/ Сања Цинцева
Облечена во бело од глава до пети таа блескаше, а кусиот и тесен фустан што го носеше совршено стоеше на нејзиниот тен.
Имено, пејачката неодамна се врати од своето егзотично патување каде уживаше во тренди костим за капење (види тука), па сега исончана и полна со елан покажа дека е подготвена за летни лудории, но и сите предизвици што ја очекуваат во следниот период.
Инстаграм/ Сања Цинцева
На снимката што ја објави во фокусот беше нејзиното раскошно деколте, па со ова свое бело издание ги привлече погледите на сите, но и доби бројни комплименти на сметка на својот изглед.