Реклама
Наши ѕвезди

Нашата убава водителка деновиве се шеташе со ова на нозете, па се прашуваме дали воопшто следи временска прогноза

Реклама

Нема зима за нашата позната водителка

Елена Стефановска како да не се грижи премногу за ниските температури, па на време во кое и пингвините паѓаат во несвест се шета во ултра кратки здолништа и фустани. Тоа можеме да го забележиме од фотографиите што ги објавува на социјалните мрежи, а на кои се гледаат нејзините нови хулахопки со точки од кои не се одвојува во последно време.

Маркетинг

https://www.instagram.com/p/BftOTDNhCc9/?taken-by=elena_zivotsostil

Да, јасно ни е дека поради добриот стајлинг понекогаш и здравјето мора да трпи, но ова нејзино издание е проблематично на повеќе нивоа. Имено, и врапчињата на гранките знаат дека Елена ги следи трендовите, тоа можеме да го видиме и од изборот на хулахопките, но прашање е дали нашата позната водителка ја следи временската прогноза бидејќи деновиве во Скопје е дебел минус, а таа се шета во нив.  Од друга страна не треба да заборавиме и дека деновиве улиците беа замрзнати, па шетање во вакви опасни високи потпетици би можело навистина да биде ризично, особено ако земеме во предвид колку ние како народ сами го чистиме снегот и мразот на нашите улици.

Маркетинг

https://www.instagram.com/p/BfOzgKWh79i/?taken-by=elena_zivotsostil

Но, Елена очигледно не се грижи премногу за дебелиот минус, па со својот провокативен изглед ја загрева атмосферата каде и да се појави. Да, Елена навистина изгледа одлично во овие изданија, и кога надвор температурите би биле нормални, овие нејзини комбинации дефинитивно би биле меѓу најдобрите на нашите познати ѕвезди.

https://www.instagram.com/p/BfLmXr9hXAr/?taken-by=elena_zivotsostil

Што мислите вие?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button