Нашата претседателка може да биде и министерка за елеганција – ова издание го коментираа сите
Претседателка што ги воодушевува сите и со својот стил
Неколку збора за стилот на дамата која ќе остане запаметена и како првата жена претседател на Македонија
Претседателката Гордана Силјановска Давкова овие жешки денови очигледно има поприлично набиена агенда, што може да се види и од нејзиниот профил и фотографиите што се споделуваат на нејзиниот профил на социјалните мрежи.
Но покрај нејзината функција и со сите предизвици со кои се соочува откако стана претседателка, никој не може да оспори дека оваа дама изгледа грациозно и во својата осма деценија од животот, но и дека знае како да ги избере вистинските парчиња за себе, секогаш адекватно избрани и во зависност од пригодата.
Инстаграм/ Гордана Силјановска Давкова
Имено, нашата претседателка во речиси секоја пригода покажува дека има речиси беспрекорно чувство за стил и мода, а тоа впрочем можевме да го видиме и деновиве кога Гордана тоа и го демонстрираше.
Инстаграм/ Гордана Силјановска Давкова
Откако ја прифати оваа одговорна функција, таа не престана да воодушевува и со комбинациите што ги носи во најразлични пригоди, па така по посетата кај Папата кога сите ги воодушеви со своето all-black издание со кое ги испочитува сите протоколи (види тука), претседателката деновиве како да не престанува да си поигрува со боите, правејќи го тоа на совршен начин.
Инстаграм/ Гордана Силјановска Давкова
Па така пред само неколку дена можевме да ја видиме во одлично комплетче во пастелно розова нијанса кое што го носеше кога се сретна со претседателот Володимир Зеленски на Конференцијата за обнова на Украина во Берлин, а еден ден подоцна се појави во уште поинтересно пастелно издание, но во сина нијанса.
Инстаграм/ Гордана Силјановска Давкова
Таа со овие свои неколку изданија покажа дека новата функција одлично и „легна“ и дека успева да излезе на крај со предизвиците, но и дека како прва жена претседател на Македонија знае и да заблеска на вистинскиот начин и да ја претстави нашата земја во најдобро светло.