Без разлика дали носи фустани или панталони, нашата прва дама изгледа елегантно и модерно
Нашата прва дама неодамна повторно не воодушеви со својот моден избор. Имено, таа на меѓународната конференција на УНИЦЕФ за заштита на децата од насилство се појави во панталони и сако под кое носеше жолтеникава ролка, а како изгледаше можете да погледнете во продолжение.
„Да помогнеме, наместо да судиме; да препознаеме наместо да игнорираме; да ги видиме причините, наместо да се носиме со последиците. Ние треба да обезбедиме не само надеж, туку и добар живот за секое дете. Насилството не смее да остане во тишина“, напиша Елизабета под фотографиите што ги објави на својот профил на Инстаграм.
Инаку, покрај неа седеше министерката за труд и социјала Мила Царовска која исто така изгледаше елегтнао и модерно во исто време. Таа за разлика од првата дама носеше интересен кошула-фустан во темно сина боја, а целото издание го заокружи со шик фризура и салонки со високи потпетици во слична нијанса со фустанот.
Па, која од овие две комбинации ви се допаѓа повеќе?