Нашата позната фолк-пејачка и во петтата деценија е НЕВЕРОЈАТНО ЗГОДНА во костим за капење (фото)
И има голема тетоважа на грбот
Пејачката е поприлично активна на социјалните мрежи
Познатата пејачка Адријана Ацевска, попозната како Адријана Кеш, ги воодушеви сите со една своја фотка на Инстаграм.
Таа овој пат сподели фотографија на која е во костим за капење, позирајќи додека седи во морето и свртена со грбот.
Но и покрај тоа што не гледа кон објективот на фотоапаратот, пејачката изгледаше неодоливо и во ова свое издание, а во центарот на вниманието беше нејзината голема тетоважа што ја има на грбот, односно поточно рбетниот столб.
Фото: Инстаграм/ Адријана Ацевска
Таа позираше гледајќи кон морската шир, со очила за сонце и коса собрана во пунџа, а сите забележаа дека е во топ форма.
Фото: Инстаграм/ Адријана Ацевска
Инаку, Адријана во последно време е поприлично активна на социјалните мрежи, а под секоја своја објава што ќе ја сподели добива дузина лајкови и коментари.
Од нив можеме да заклучиме дека нејзините изданија им се допаѓаат на многумина, а уште некои од нив погледнете во продолжение…
Фото: Инстаграм/ Адријана Ацевска
Што се однесува до љубовниот живот на оваа наша атрактивна дама, таа самата во една пригода за „Гламур магазин“ откри дека поприлично тешко се заљубува, но кога тоа ќе се случи, „баш знае да потрае“.
Фото: Инстаграм/ Адријана Ацевска
Од друга страна пејачката не крие и дека смета дека мажите потешко им приоѓаат на успешните жени, најверојатно затоа што се плашат од конкуренција, а што се однесува пак, до тоа кој од фолк-пејачите го смета за најголем џентлмен, тоа дефинитивно за неа е фолк-пејачот Благоја Грујовски. Таа за него вели дека е „стар волк“, но и дека искрено се надева дека нема да и се налути за ова.
Целото интервју со Адријана Кеш прочитајте го тука >>