Нашата позната фолк-пејачка заедно со победникот од популарното шоу што е хит и во Македонија
Направија фешта, невестата беше највесела
Пејачката Адријана Ацевска предизвика бура од реакции кога објави заедничка снимка со победникот од „Никогаш не е доцна“.
На познатата македонска фолк-пејачка Адријана Ацекска овој викенд и помина бурно, а од снимката што ја објави може да видиме дека имаше заеднички настап на една свадба заедно со победникот во популарното шоу за ветерани „Никогаш не е дозна“.
Станува збор за Бобан Цaневски кој во 2022 година со помош на гласовите од публиката беше еден од победниците во популарното шоу.
Инстаграм/ Адријана Ацевска
Бобан и Адријана настапија заедно на една свадба, а од снимката можеме да видиме и како ја развеселија убавата невеста,.
„Бобан Цаневски сега е Боба Конга и невестулката убава“, напиша Адријана во описот на видеото што го објави на својот Инстаграм.
Инстаграм/ Адријана Ацевска
Пејачката потоа објави и неколку фотографии од кои може да го видиме и преубавиот фустан што го носеше на овој настан.
Инстаграм/ Адријана Ацевска
Во прашање е жолта креација со интересен геометарски дезен, а пејачката целото издание го зачини со црни високи потпетици.
Инстаграм/ Адријана Ацевска
Инаку Бобан не крие дека победата во „Никогаш не е доцна“ му донесе одредени привилегии и повеќе настапи, но и поголем хонорар.
Инстаграм/ Адријана Ацевска
„Победата не ме промени како личност, но сепак ми донесе одредени привилегии, секако и повеќе настапи, а и поголем хонорар“.
„На шоуто гледам како на едно убаво животно искуство, прекрасни моменти кои што се паметат за цел живот и стекнати нови пријателства“, изјави Бобан во една пригода во интервју за Гламур магазин.
Целото интервју со Бобан може да го ѕирнете тука…