Реклама
Наши ѕвезди

Нашата позната пејачка искрено за разводот, но и за НАСИЛСТВОТО што го трпела од поранешниот

Пејачката зборуваше искрено и за насилството во бракот и изнесе интимни детали од семејниот живот

Реклама

Елена Велевска без влакна на јазикот зборуваше за разводот и проблемите што ги имаше додека беше во бракот. Старателството за нејзините три деца се уште е кај него, а сега во емисијата „Без лимит“ кај Стефан Лазаров и Зоран Василевски Фаци јавно прозборе за турбуленциите низ кои што тогаш поминала.

Познатата македонска фолк-пејачка Елена Велевска пред повеќе од пет години се разведе од таткото на нејзините три деца, а оваа вест тогаш ги шокираше сите. Нејзиниот брак важеше за еден од најидиличните на јавната сцена, а Елена секогаш потенцираше дека го има најдобриот маж на светот, па дури му посвети и песна.

Но таа во 2018 година реши да се разведе, а јавноста ја информираше со соопштение преку социјалните мрежи.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Елена Велевска

Таа тогаш на овој начин сакаше да стави точка на чаршиските муабети, а овие денови во емисијата на Лазаров и Зоки Фаци се наврати на овие моменти откривајќи колку тоа влијаело на нејзината душа, но и дека долго време и требало да застане на нозе.

Маркетинг

„Би сакала да ставам крај на сите чаршиски муабети. Да, вистина е дека решив да покренам бракоразводна парница. Како и секоја жена посакував и сметав дека секој брачен проблем може да се реши, но со текот на годините семејното насилство стануваше неподносливо. Затоа, пред се највеќе за моите дечиња е крајно време да ставам крај. Со ова би сакала оваа тема да биде затворена.“

Фото: Инстаграм/ Елена Велевска

„Има толку многу убави работи за кои можеме да зборуваме- за мојата кариера, за моите меѓународни успеси, за македонската песна чиј амбасадор сум во странство. За моите три прекрасно воспитани деца со кои најмногу од се се гордеам… Животот за нас оди понатаму“ напиша Велевска тогаш на „Фејсбук“.

Фото: Инстаграм/ Елена Велевска

Елена сега кај Лазаров одлучи искрено да позборува за разводот и за сето она што и се случуваше во овој период од животот.

„Немаше разбирачка. Многу тешко е да водиш културна војна со неразбран човек. Кај нас имаше многу проблеми, јас самата таа отсутност со моите патувања, како да влегував од проблем во проблем. Се користеше секое мое отсуство за да на крај ми кажат дека немам ништо во Охрид и дека треба да си заминам во Прилеп“, изјави пејачката во споменатото интервју, па продолжи:

„Секогаш гледав да спасам нешто, и успеав, само со работа и само со игнорирање на проблемите успеав да заминам подалеку без конфликти. А тешко е, тешко е, за децата најмногу, затоа мора еден да попушти.

Фото: Инстаграм/ Елена Велевска

Старателството го немам, се уште е во Охрид

„Охрид премногу тежок живот живеев, и покрај тоа што гледав секогаш да ја прикажам само позитивната страна“, вели Елена, а потоа додаде дека трпела и семејно насилство за време на бракот, и тоа пред децата што не е никако за оправување.

„И тоа до ден денес не се смирува, со некој што е таков карактерно. Оставив децата сами да си видат некои работи затоа што постоеше голема љубомора за мојот успешен живот. Кога имате ден успешен човек до вас, а гледате само некоја пакост да му направите. Ајде сега едно дете, второ дете, трето дете, и пак ќе те сопнат. Мислам тоа мене само ме охрабри како човек, а како мајка уште повеќе бидејќи мајката е жена на која Бог и ја дава толкава сила, секој што поминал низ породилни маки знае што значи тоа, да роди дете и дека на тоа дете не смееш никако да му наштетиш“, зборуваше искрено Елена.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Лазаров

„Тој им е татко, јас никогаш нема да му бранам, но јас секогаш бев од нивна страна извисувана. Треба да тргнам на турнеја, ‘сега снајди се за децата’. Сето тоа ме направи и да се снајдам и сама како човек и за децата. И децата пораснаа во многу паметни деца, на кои што сакам толку да сум горда“, откри популарната пејачка додавајќи дека старателството за своите три деца се уште го нема.

„Децата ми се доделени 24/7, дадени да ги гледам, но како да ги гледам?! Едниот мораше да попушти, попушти оној што е поразбран“, заклучи на крајот познатата пејачка.

Целото интервју со Елена погледнете го во продолжение:

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button