Нашата позната дизајнерка ослабна 25 килограми па се соблече во бикини – фотографиите се доказ дека навистина се преполови!
Позираше во шик едноделен модел и ги воодушеви сите
Познатата дизајнерка Ивана Кнез која стои зад брендот ДРАМА позираше во шик костим за капење со животински дезен.
„Не оди во длабокото, ќе те изеде Леопардот“ напиша Ивана под фотографијата со која „предизвика“ драма и ги воодушеви своите пријатели и следбеници.
За разлика од бикините кои со години важеа за најпопуларни модели, оваа година на голема врата се враќаат затворените модели со интересен дезен кои никого не оставаат рамнодушен. Главна предност кај ваквите модели е што со нив лесно ќе ги сокриете недостатоците и ќе ги истакнете предностите, па затоа им се омилени на многу дами.
Ивана е во топ форма
Познато е дека Кнез веќе некое време води здрав живот и на тој начин го донесе своето тело до совршенство. Таа сега изгледа како вистинска мачка – нејзиниот заштитен знак и препознатлив симбол од нејзините ѓердани.
Ивана покрај базенот позираше и во мали црвени бикини…
Дизајнерката пред неколку месеци отворено зборуваше за тоа како ја донела својата линија до совршенство.
Таа успеа да ослабне 25 килограми, а како што самата изјави за Независен, тоа го направила со своја диета. Имено, наместо нездрава храна решила да јаде овошје и зеленчук, ги исфрлила белото брашно и шеќерот, почнала со редовни тренинзи во теретана и сега е во топ форма.
Па големо БРАВО за оваа топ ДРАМА на Ивана.