Нашата позната Гранд ѕвезда како од мајка родена – пејачката ја крева температурата на ова студено време (фото)
Го топи снегот, на овие минус температури изгледа како вистинска зимска кралица
Пејачката „гори“ во ова свое издание
Македонската Гранд ѕвезда Андријана Петрушовска знае како да ги загрее своите фанови во овие студени зимски денови.
Имено, младата пејачка на својот профил на Инстаграм објави неколку жешки фотографии со кои ги воодушеви сите.
Иако температурите се во минус, Андријана реши да позира како од мајка родена, само со бунда на себе.
Фото: Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Нејзината интима беше покриена со убавата сина бунда, а Ани целото издание го заокружи со нејзината долга, црна коса и сребрени чизмички со кои таа изгледаше како висинска зимска кралица.
Фото: Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Така облечена Андријана позираше смело и со самодоверба, а фотките веднаш предизвикаа внимание на Инстаграм.
Многумина и порачаа дека изгледа прекрасно, а ваквите позитивни коментари секако преставуваат поддршка да биде уште подобра во она што го прави, истовремено воодушевувајќи ги своите фанови.
Фото: Инстаграм/ Андријана Петрушовска
„Тотално посебна“, „Најубава“, „Прекрасна“, беа само некои од коментарите што таа ги доби под овие фотографии.
Фото: Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Како Андријана изгледаше во ова свое издание, но и на еден од своите последни настапи, погледнете во продолжение…