Нашата позната водителка се coблече во петтата деценија и ги покажа беспрекорната линија и лицето без грам шминка (фото)
Водителката го истакна своето занесно тeло, па многумина не знаеја каде попрво да погледнат.
Поранешната македонска манекенка која веќе некое време „плови“ успешно и во водителските води, Вера Мештеровиќ, ја покажа својата линија во издание какво публиката нема прилика да ја види на малите екрани.
Вера објави неколку сториња на Инстаграм на кои носи костим за капење, а температурата ја подигна до максимум кога позираше легната на стомакот додека во центарот на вниманието беше нејзината „позадина“.
Претставниците на посилниот пол меѓу нејзините фанови се воодушевени од овие нејзини фотографии, додека претставничките на понежниот пол од преубавиот костим за капење со бохо дезен во кој изгледаше неодоливо.
Шармантната водителка со овие фотографии во преден план го истакна своето беспрекорно тело и тенката половина, но и прекрасното лице без грам шминка и ги воодушеви сите со својата природна убавина.
Како Вера изгледаше во ова свое „пикантно“ издание, но и уште неколку изданија што не можете да ги видите на телевизија, погледнете во галеријата што следува. Потоа погледнете и уште неколку наши предлози што да носиме ова лето инспирирани од ова издание на убавата водителка.
Бонус галерија
Како да изгледаме ова лето на плажа?
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм