Нашата позната водителка не изненади со ова свое издание, но и со КОМЕНТАРОТ со кој никого не остави рамнодушен!

Македонската водителка се огласи во врска со актуелната ситуација во земјава.

Ирена Спировска долги години е дел од телевизиската сцена во Македонија и е една од најдобрите водителки кај нас.
Иако зад себе има навистина долга и богата кариера, таа буквално изгледа како времето да запрело за неа.
На витката става на македонската водителка може да позавидат и помладите девојки.

Сосема е иста како на почетокот на нејзината кариера.
Освен гените, за фантастичниот изглед на водителката очигледно задолжена е напорната работа на себеси.

И покрај тоа што ја гази петтата деценија од животот таа зрачи со својата убавина и шарм. Заштитен знак односно она по што е препознатлиа е нејзината кадрава коса, а своето тело го одржува со спорт и долгите и напорни прошетки низ македонските планини.


Најголема љубов ѝ е планинарењето и буквално секое слободно време го користи да отиде негде во природа.
Заедно со нејзиното момче Душко Исајловски се неразделен пар кој ги освојува врвовите во земјава, па и пошироко.

На планина во спортско издание, но на настан како холивудски пар.
Ирена и Душко изгледаат неверојатно.
Отмени и средени од глава до пети,ги привлекуваат сите погледи.

Спировска е позната како личност која не го експонира својот приватен живот.
„Ова не е ништо ново. Во врска сум, што е сосема нормално. Да сакав да го сокријам својот партнер, немаше да се појавам на јавно место со него. Никогаш не сум зборувала за својот приватен живот, затоа и се вика приватен“, изјави Ирена во една пригода.

Корона кризата го тресе целиот свет, а и тоа како се почувствува и во Македонија.
Многу луѓе останаа без работа и немаат никсков прилив на пари.
Но, она што најмногу ги загрижува граѓсните е поскапувањето. Поскапеа буквално сите производи, па многумина едвај наоѓаат пари и за основните работи.

Што е најтрагично, постои најава и за нов бран поскапување.
Платите останаа исти, а цените се зголемија.

За да не биде толку трагично, водителка одлучи да се пошегува на оваа тема.
На својот Инстаграм профил сподели фотографија во чиј опис пишува:
„Струјата поскапе, горивото поскапе, храната поскапе, цигарите поскапеа. За среќа па платата остана иста, барем да има некаква стабилност“.

Фото: Инстаграм / Ирена Спировска
Фото: Инстаграм / Ирена Спировска
Фото: Инстаграм / Ирена Спировска
Фото: Инстаграм / Ирена Спировска
Фото: Инстаграм / Ирена Спировска
Фото: Инстаграм / Ирена Спировска
Фото: Инстаграм / Ирена Спировска
Фото: Инстаграм / Ирена Спировска
Фото: Инстаграм / Ирена Спировска
Фото: Инстаграм / Ирена Спировска
Фото: Инстаграм / Ирена Спировска
Фото: Инстаграм / Ирена Спировска
Фото: Инстаграм / Ирена Спировска
Фото: Инстаграм / Ирена Спировска
Фото: Инстаграм / Ирена Спировска