Нашата позната водителка ги изненади жените – македонската Моника Белучи никогаш поубава
Велат дека секоја жена е убава на свој начин, но оваа наша позната дама блеска во секое издание
На некои дами едноставно им симнуваме капа
Познатата водителка Татјана Стојановска обожава елегантни и долги тоалети, а тоа го покажа и со своето последно издание.
Татјана зa оваа пригода избра фустан во смарагдно зелена нијанса со потписот на Елена Лука, една од нашите најпознати модни куќи.
Насмеана и расположена Татјана се појави на свеченото отворање на 27. издание на МТФ Денови на комедијата Куманово, а како водителката изгледаше во смарагдната тоалета погледнете во продолжение.
Инстаграм/ Татјана Стојановска
Водителката во интересно модно издание
И како и секогаш и овој пат не изостанаа и нејзината шик фризура и црвениот кармин со кои Татјана заблеска во полн сјај.
Инстаграм/ Татјана Стојановска
Фустанот беше со широки ракави и длабоко деколте со „V“ израз, а беше зачинето со тенко, светкаво ременче.
Инстаграм/ Татјана Стојановска
Со ова свое издание Татјана уште еднаш покажа дека е кралица која станува збор за свечени тоалети и дека со својот дамски стил може да им парира и на популарните балкански, па дури и на светските ѕвезди.
Инстаграм/ Татјана Стојановска
Како вам ви се допаѓа ова издание на Татјана?