Нашата позната водителка блескаше во најпосакуваниот фустан, а ние пронајдовме речиси ист модел по цена од 999 денари
Секоја жена треба да има барем еден ваков фустан…
Модата од 90-тите се уште е ИН, а тоа може да го видиме и од ова издание на нашата водителка.
Неодоливите „слип“ фустани (фустани-ноќници) беа симбол на деведесеттите години, но тие и денес се заштитен знак на многу познати дами.
Една од нив е и нашата шармантна водителка Ирена Спировска која блескаше во најпосакуваниот фустан за оваа сезона.
Имено, фустаните што потсеќаат на ноќница повторно се популарни, и тоа благодарение на многу познати дами.
На овие заводливи модели очигледно не можеше да им одолее и Спировска, а ова е едно од нејзините најдобри изданија во последно време.
И покрај тоа што убавата водителка не престанува да не воодушевува со своите интересни летни комбинации, таа овој пат ни покажа дека и со најобичен слип фустан можеме да се трансформираме во стилска бонбона. Во прашање е црн сатенски фустан со тенки прерамки и со должина до под колена, кој Ирена го заокружи со елегантни сандали, големи обетки и својата препознатлива фризура со која и овој пат никого не остави рамнодушен.
Ваквиот модел на фустан е одличен избор во текот на летните денови, посебно кога сакате да изгледате занесно и тренди.
Што се однесува до тоа каде да пронајдете сличен модел, на пример во Зара има голем избор на вакви фустани, а најинтересно е што овие креации изгледаат гламурозно и скапо иако воопшто не се скапи.
Не заборавајте исто така дека во прашање е модел кој ви нуди бескрајни можности за комбинирање, а можете да го носите како со вашите омилени сандали и чевли со високи потпетици, така и со патики и балетанки.
Погледнете ги и останатите предлози на нашите модни уредници…
Zara
Zara
Mango
Mango
Mango
Zara
Zara
Mango
Mango
Mango
Zara
Zara
Zara
Zara
Zara
Mango
Mango