Нашата позната актерка се породи – објави прва фотографија од бебето кое си доби преубаво име
Познатата актерка ги воодушеви сите со фотографијата
Се породи познатата македонска актерка Емра Куртишова (37) која најголема популарност стекна со серијата „Преспав“.
Емра преку социјалните мрежи откри дека се породи, по што следуваа бројни честитки и радост меѓу нејзините следбеници
„Добредојде Лена, те сакаме до месечината и назад“, напиша актерката на Инстаграм под фотографијата на која се гледа рачето од нејзината наследничка, а објавата веднаш ја сподели и нејзиниот сопруг, актерот Петар Стојанов кој е и колега од Театарот за деца и младенци.
Фото: Инстаграм/ Емра Куртишова-Стојанова
„Емра Куртишова-Стојанова му ја подари најголемата среќа. Ни се роди ќерка… Лена.., нека е жива и здрава“, напиша тој на Фејсбук.
Фото: Инстаграм/ Емра Куртишова-Стојанова
Емра и Петар на лудиот камен застанаа во јуни месец оваа година, а преубавата вест дека е бремена ги израдува сите.
Фото: Принтскрин/ Преспав
Емра која се прослави со улогата на Исаура од серијата „Преспав“ беше бремена на свадбата и блескаше како невеста.
Фото: Принтскрин/ Преспав
Таа беше три години во љубовна врска со нејзиниот колега пред да го кажат судбоносното „да“, а Петар својата сакана одлучи да ја запроси токму на нејзиниот роденден, во декември 2022 година.
Нивната свадба беше во Гевгелија, од каде што потекнува Петар, а фотографии од овој ден погледнете во продолжение.
Фото: Инстаграм/ Емра Куртишова-Стојанова
Инаку, Емра која на нашата јавност им стана омилена преку улогата на помошничката Исаура од популарната серија „Преспав“, наскоро ќе се појави и во улога на мајката на Џеј Рамадановски, во филмот што се снима за него. Премиерата на овој филм се очекува некаде пред Нова Година, а во најава е и седмата сезона на „Преспав“.