Нашата пејачка ужива со својата бабичка од 92 години во нејзината бавча – за свада ќе си добие нивичка
Пејачката се пофали и дека од својата бабичка ќе си ја добие нивата кога ќе се омажи
Марија Тодоровска, попозната како Марија Луиса ја посети својата баба и ја покажа преубавата природа со која што е опкружена.
Пејачката потоа заедно со својата 92 годишна бабичка ги посети бавчите за кои таа самата се грижи, па ја праша дали ќе и подари нива кога ќе се омажи, шегувајќи се дека оној што ќе ја земе ќе си има и нива.
Пејачката за оваа пригода беше облечена во хеланки и кроп-топ, а насмевката на нејзиното лице открива колку си ја сака својата бабичка.
Инстаграм/ Марија Луиса
Таа не само што не се срами од своето потекло, туку и често споделува моменти кога ќе го посети местото каде што е родена.
Инстаграм/ Марија Луиса
Марија и покрај тоа што веќе со години живее во Скопје, се уште е поврзана со својот роден крај каде што го поминала детството.
Инстаграм/ Марија Луиса
Таа тоа го направи и неодамна кога исто така сподели видео со својата 92-годишна бабичка и ви воодушеви своите фанови.
Инстаграм/ Марија Луиса
„Еве на кого сум талентирана. П.С. баба има 92 години и се уште работи на нива“, напиша тогаш Марија под видеото што го сподели.
Повеќе за ова прочитајте тука...