Нашата пејачка има две деца и тело на кое многу жени и завидуваат – Наташа блеска, ги изненади сите
Изгледа презгодно, ги воодушеви сите
Најпрво како дел од бендот „Багаж“, а потоа продолжи со својата соло кариера и важи за една од нашите најпознати поп-пејачки
Пејачката Наташа Малинкова повеќе од две децении ужива во бракот со Кирил Малинков, братот на фолк-пејачката Ани Малинкова.
Тие нивната врска ја имаат започнато многу млади, а круна на нивната љубов се нивните две ќерки, Султана и Емилија.
Инстаграм/ Наташа Малинкова
Наташа и Кирил важат за еден од најскладните парови на нашата јавна сцена, а пејачката сега покажа како се опушта покрај него.
Имено, Наташа по бројните настапи реши да направи мала пауза и да ги наполни батериите за нови предизвици, па на својот профил на социјалните мрежи сподели фотографии од одморот во Грција.
Инстаграм/ Наташа Малинкова
Од овие објави може да видиме дека таа летува во еден луксузен хотел во Грција, но и како ужива на жешкото летно сонце.
Инстаграм/ Наташа Малинкова
Имено, оваа мајка на две ќерки позираше во своите омилени костими за капење и ги воодушеви сите со својот изглед.
Инстаграм/ Наташа Малинкова
Таа е позната по својот раскошен глас, но и по тоа дека е природна убавица која ужива во својата улога на мајка.
„Можеби не сум совршена, но затоа имам совршен живот“, напиша Наташа во една пригода по своите морски фотографии.
Инстаграм/ Наташа Малинкова
И бидејќи немаме немаме често прилика да ја видиме во вакво издание, нејзините фотки предизвикаа лавина од реакции.