Нашата пејачка го подигна костимот за капење, клекна и позираше – фотографиите се БРУТАЛНИ, изгледа неверојатно!
Природна убавина во најубаво издание…
Познатата фолк-пејачка Сања Ристеска на социјалните мрежи сподели неколку фотографии од своето патување.
Имено, Ристеска покажа како го минува времето во Австралија, каде пејачката секогаш ужива за сите пари, посебно кога ќе се најде таму сред летна сезона, додека кај нас е зима.
Таа се фотографираше во неколку различни изданија, а најголемо внимание привлече со фотографиите од плажа.
Позирајќи во провокативно издание, облечена во црн дводелен костим за капење, Сања никого не остави рамнодушен.
Таа се фотографираше во различни пози, а на една фотографија позира клекната на колена на песокот, со очила за сонце.
Во центарот на вниманието е нејзиното исончано тело на кое не може да се забележи ни грам вишок, ниту пак целулит.
Фотографиите веднаш привлекоа внимание на фановите, а многумина и порачаа дека никогаш не била поубава.
„Не постои позгодна жена“, „Изгледаш совршено“, „Преубава си“, беа само некои од пораките што ги доби.
Ристеска, инаку, често патува и заради своите настапи, а кога го прави тоа го користи секој слободен момент да ужива.
Таа знае како да го спои корисното со убавото, а впрочем тоа можеме да го видиме и од овие нејзини фотографии.
Како Ристеска изгледаше во ова издание со кое никого не остави рамнодушен, погледнете во продолжение.
Погледнете ги и останатите фотографии:
Фото: Инстаграм/ Сања Ристеска
Фото: Инстаграм/ Сања Ристеска
Фото: Инстаграм/ Сања Ристеска
Фото: Инстаграм/ Сања Ристеска
Фото: Инстаграм/ Сања Ристеска
Фото: Инстаграм/ Сања Ристеска
Фото: Инстаграм/ Сања Ристеска
Фото: Инстаграм/ Сања Ристеска
Фото: Инстаграм/ Сања Ристеска