Нашата најшколувана пејачка сподели преубава вест – пристигнуваат честитки од сите страни (фото)
Еве како изгледаше како невеста познатата пејачка
Пејачката ги израдува сите со веста
Пејачката Андријана Јаневска прослави 14 години брак, а оваа убава вест ја сподели на својот профил на социјалните мрежи.
Андријана и нејзиниот сопруг, гитаристот Драган Гиновски Гино (56), на вечна љубов се заколнаа во црквата „Св. Димитрија“, а како изгледаше овој посебен момент кој ќе им остане засекогаш во сеќавање, погледнете од фотографиите во продолжение…
Фејсбук/ Андријана Јаневска
Имено, пејачката на својот профил објави неколку фотографии од црковната венчавка и покажа како изгледала како невеста.
Фејсбук/ Андријана Јаневска
„На денешен ден пред 14 години бев невеста. 👰♀️ImageСо Гиновски се венчавме во црквата Св. Димитрија, а игравме оро во ресторан Имес. Имес не постои, ама ние си тераме“, напиша Андријана под фотографиите што ги сподели со своите следбеници.
Фејсбук/ Андријана Јаневска
Андријана и Драган пред да застанат на лудиот камен четири години беа во врска, круна на нивната љубов се нивните две деца – Димитар (12) и Кристијан (8), од кои едниот свири пијано, а другиот виолина.
Фејсбук/ Андријана Јаневска
И како што самата пејачка откри во една пригода, на нејзината свадба се пеело исклучиво македонска музика, а специјален гостин бил Наум Петрески кој е војнички другар со нејзиниот сопруг.
Фејсбук/ Андријана Јаневска
Посетуваме, Андријана пред неколку недели се најде во центарот на вниманието заради уште една преубава вест.
Фејсбук/ Андријана Јаневска
Имено, таа пред неколку месеци стана доктор на науки, па на Фејсбук објави фотографии од свеченото добивање на дипломата.
Како изгледаше Андријана и во ова издание, кога исто така ги воодушеви сите, погледнете во продолжение…