Нашата најпозната актерка ги покажа сопругот и синот Јаков – слатката фотографија што на многумина им ги стопи срцата (фото)
Познатата актерка ужива со семејството
Една од нашите најпознати актерки, Јелена Јовановa, сподели неколку фотографии од својот одмор.
Шармантната актерка ги спакува своите куфери и заедно со сопругот Хрват кој исто така е познат актер, Стјепан Периќ, замина на одмор во Италија.
Јелена на Инстаграм објави неколку фотографии од ова нејзино патување, а најмногу внимание привлече со фотографијата на која се нејзиниот сопруг и нивниот син Јаков кој ова лето наполни две години.
Патувајќи низ волшебната Италија, малиот Јаков ужива со своите родители, а актерката реши овој емотивен момент да го сподели со фановите.
На сликата се гледа како малиот ужива во прегратките на својот татко, и двајцата спокојни и среќни, додека мама ги фотографира.
Инаку, Јелена и Стјепан се заколнаа на вечна љубов во 2015 година, а се запознаа на снимањето на хрватската серија „Тајна“ во која Јелена ја играше главната улога. Нивната венчавка се случи во Загреб, без многу помпезност, на која Јелена носеше венчаница од Кокев.
Како таа изгледаше како невеста, но и зошто таа е една од нашите најубави актерки, погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Јелена Јованова Периќ
Фото: Инстаграм/ Јелена Јованова Периќ
Фото: Инстаграм/ Јелена Јованова Периќ
Фото: Инстаграм/ Јелена Јованова Периќ
Фото: Инстаграм/ Јелена Јованова Периќ
Фото: Инстаграм/ Јелена Јованова Периќ
Фото: Инстаграм/ Јелена Јованова Периќ