
Милена Антовска Станковска е една од нашите најпознатите водителки што ги следиме на малите екрани

Но она со што верувам дека ќе се согласите е и дека Милена навистина изгледа преубаво кога е пред камерите. Секогаш облечена во паметно избрани парчиња од глава до пети, плени со својот шарм и харизма, а своите модни комбинации не ретко ги објавува и на Инстаграм.
Па така деновиве Милена објави неколку фотографии на социјалните мрежи со кои ни го привлече вниманието. Таа доби бројни позитивни коментари и реакции, и што е најинтересно, воопшто не е во прашање некое провокативно издание како што прават многу други познати дами.

Имено, таа позираше во „кежуал“ варијанта со која дефинитивно не воодушеви. Облечена во тесни фармерки со потскратени и непорабени ногавици. кои ги комбинираше со трико блуска и црни високи потпетици, Милена едноставно не освои на прв поглед со ова издание. Тесните фармерки што ги избра ги издолжуваат нејзините нозе и ги прават потенки, посебно заради тенките високи потпетици. Комбинацијата изгледа поприлично ефективно и благодарение на непорабените фармерки и голите зглобови, но и сјајниот избор на фармерки кои совршено и стојат.

Можеби комбинацијата изгледа едноставно, но затоа е полн погодок. Таа ни покажа дека и со еден пар обични фармерки можеме да бидеме шик. Посебно ако ги носиме со преубава фризура како нејзината и кармин во страсна црвена боја со кој не можете да останете незабележани.

Па, дали ви се допаѓа ова издание на Милена?