Реклама
Наши ѕвезди

Нашата водителка доби внуче на 49 години и се уште е најзгодната баба – овие убавици се нејзините ќерки

Еве зошто за неа зборуваат дека е најубавата, најзгоднта и најсреќната баба во нашата земја

Реклама

Турунџиева досега многу пати има истакнато дека токму ќерките и даваат животна енергија, но и внучето што го доби од Лора

Нашата позната водителка, пејачка и писателка Сузана Турунџиева пред неколку години стана баба кога имаше 49 години.

Имено, нејзината постара ќерка Лора Турунџиева, која оваа година наполни 24 години, во улога на мајка се оствари во 2019 година.

Маркетинг

Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева

Внучето на Сузана, Јаков, оваа година во март наполни пет години, додека баба по неколку недели го прослави својот 55 роденден.

Маркетинг

Кога се роди нејзиното внуче, популарната водителка за домашните медиуми ги сумираше впечатоците за својата нова улога, истакнувајќи дека нејзината наследничка е голем херој и дека со доаѓањето на малиот Јаков започнува нов, поубав период за целото семејство.

Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева

Впрочем тоа така и се случи, па еве пет години од тогаш Сузана изгледа посреќно, па и поубаво од кога било досега.

Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева

Фотографија од свадбата на ќерката Лора и нејзиниот партнер Филип Наунов

Тоа можевме да го видиме и од прославата на нејзиниот роденден кога Сузана блескаше покрај своите наследнички.

Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева

Првата љубов на Сузана

Така беше и на роденденот на Лора, нејзината постара ќерка, кога Сузана под заедничките фотки го напиша следново:

„Посакувам да можам да ја почувствувам среќата од оној ден, кога пред 24 години ја родив и кога за првпат го доживеав светот со други бои, прекрасни мириси и најубави звуци…. Денес, највисоката во нашето племе слави роденден“, напиша Турунџиева тогаш и додаде неколку славенички емотикони, па го додаде и следново за својата прва љубов во животот: „Лора, имај најсреќен роденден и само небото нека ти биде граница“, сподели тогаш Сузе на социјалните мрежи

Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева

Потсетуваме, Турунџиева покрај Лора која што и го подари внук0т Јаков ја има и ќеркичката Матеа која има 15 години.

Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева

Водителката Матеа ја доби од бракот со Марјан, нејзиниот партнер кој почина во 2016 година, кога нивната ќерка имаше 6 години.

Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева

Сузана и Марјан беа во врска од 2007 година, а по три години се роди малата Матеа, додека постарата ќерка Турунџиева ја доби со поранешниот пливачки ас, Александар Маленко.

Фото: Инстаграм/ Сузана Турунџиева

Фото: Инстаграм/ Сузана Турунџиева

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button