Нашата Анета никогаш посреќна и поубава, овој детаљ ги воодушеви сите – и Цеца го сака овој тренд (фото)
Македонската фолк-дива Анета Љумковска и овој пат не згреши кога станува збор за трендовите
Пејачката во едно од најубавите изданија досега
Познатата фолк-пејачка Анета Љумаковска на својот профил на Инстаграм сподели уште едно интересно издание.
Но она што овој пат посебно привлече внимание е нејзиниот фустан со анимал принт со кој пејачката воодушеви многу жени.
Иако станува збор за тренд со кој треба посебно да се биде внимателен бидејќи со него многу лесно може да се претера и да се премине границата на добриот вкус, Љумаковска очигледно нема проблем со него.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Таа едноставно блескаше во овој свој фустан со впечатлив дезен, а воодушевени беа и нејзините фанови на социјалните мрежи.
Кројот на фустанот ја истакна женственоста на Анета во преден план, а привлече внимание и со нејзината фризура.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Таа целото издание го заокружи со голема чанта и суптилна шминка, а носеше и накит и раскошен часовник на раката.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Потсетуваме, ова не е прв пат да ја видиме Анета како го носи овој тренд, а како таа изгледаше во уште едно издание во кое носеше кошула со ваков впечатлив дезен, погледнете во продолжение…
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Инаку овој тренд го обожаваат многу познати дами, а една од нив е и српската фолк-пејачка Цеца Ражнатовиќ.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Во продолжение погледнете и едно нејзино тиграсто издание што пејачката го носеше во популарното талент шоу.
Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ