Реклама
Вирално

Научниците открија колку долго траат антителата на корона, резултатите се загрижувачки: Еве кој е најмногу заштитен од вирусот

Реклама

Новото истражување покажа дека стекнатиот имунитет на ковид-19 може да биде изгубен во рок од само неколку месеци.

Резултатите упатуваат на тоа дека како и обичните настинки и грипот, вирусот би можел да заразува луѓе на годишна основа. Тоа автоматски ја поткрепува идејата дека имунитетот на стадо би можел да биде начин на кој ќе се победи коронавирус.

Маркетинг

Научниците од Кингс колеџот во Лондон го истражувале имунолошкиот одговор на повеќе од 90 пациенти и здравствени работници од една британска фондација, а откриле дека нивото на антитела досегнало врв три недели по појавата на симптомите, по што почнало да опаѓа.

Маркетинг

„Луѓето произведуваат прифатлив одговор на антитела на вирусот, но тој не се намалува во краток временски период. Она што одредѕва колку долго антителата ќе останат е тоа каков бил пикот на инфекцијата во вашиот организам“, вели за Гардијан авторката на оваа студија, д-р Кејти Дорс.

Тоа значи дека нивото на антитела било највисоко и најдолго траело кај пациентите кои имале најтешка форма на инфекцијата.

Тоа исто така значи дека добиената вакцина можеби нема да биде долготрајна и дека ќе биде потребно вакцината да се преформулира секоја година.

Но, останува шансата дури и ако нивото на антитела опадне, телото може да се избори против ковид-19 по втор пат користејќи ги таканаречените Т-клетки.

Исто така, објавени се резултатите на уште една студија која откри дека на скенерот на срце на повеќе од половината хоспитализирани пациенти со коронавирус откриени се абнормалности.

Околу 55 отсто од 1. 261 пациенти од 69 земји имале промени на срцето, а еден од седум пациенти добиле сериозна дисфункција на срцето, покажало истражувањето кое го финансираше британската фондација за срцеви проблеми.

Повеќето пациенти никогаш претходно немале дијагностициран срцев проблем, што ги наведе научниците да заклучат дека ковид-19 може сериозно да влијае на срцето.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button