Научниците открија зошто сé повеќе женки пингвини умираат на крајбрежјето и во мориањата на Јужна Америка (видео)

Секоја зима, илјадници пингвини завршуваат на брегот на Јужна Америка, а за нивните женки е три пати поголема веројатност морето да ги исфрли мртви на копното или дека ќе бидат повредени, објави БиБиСи.

Тие знаат да стигнат до брегот во многу лоша состојба, бидејќи не можат да најдат доволно храна. Доаѓаат на плажата за да умрат “, вели биологот Флавио Кинтана.

ADVERTISEMENT

Поголемиот број мртви женки е сериозен проблем за пингвините, бидејќи тие имаат доживотни партнери, така што помалку женки може да влијае на бројот на идната популација, велат научниците.

Научниците следеа една група пингвини

Научниците од Јапонија и Аргентина одлучија да дознаат за што се работи и да откријат зошто значително поголем број женки умираат на брегот на Јужна Америка. По завршувањето на сезоната на парење, следеа една група Магеланови пингвини. Тие веднаш забележаа дека женките мигрираат подалеку на север за разлика од своите машки партнери во потрага за храна.

Мажите се склони на пократки патувања, но подготвени се подлабоко да нуркаат во потрага по својот оброк.

Мажјаците пливаат само до Уругвај

Женките мигрираат посеверно од мажјаците.

Знаат да дојдат до јужните делови на Бразил, додека мажјаците пливаат во главно само до Уругвај, објасни Флавио Кинтана.

Научниците сега ги проучуваат рутите во кои пливаат пингвините во потрага по храна како би виделе дали може да се направи нешто за да се намали бројот на жртвите што ќе се насукаат на копното.

Истражувањето е објавено во списанието Current Biology.

Facebook Comments
(Visited 9 times, 1 visits today)