Научниците одговорија на прашањето: Дали кучињата знаат кој е добра личност?

ADVERTISEMENT

Поголемиот дел од луѓето веруваат во онаа стара изрека дека кучињата може да надушкаат кој е добра личност.

Можеби сте доживеале ситуација во која вашето домашно милениче ги игнорира некои од вашите пријатели или гости, а од некои дури и бегаат.

Постојат научни истражувања кои одговараат на прашањето зошто милениците го прават тоа. Еден познат експерт за кучиња, Стенли Корен, навел пример за неговта познаничка кој забележал адека нејзиното куче се однесува чудно кон мајката на нејзиниот сопруг. Кучето ја игнорирало и не сакало ниту да зема храна од неа.

ADVERTISEMENT

Ова се случило бидејќи видел дека тој човек одбива да му помогне на сопственикот откако побара помош. Ова е вистински доказ дека кучињата апсорбираат се што се случува околу нив и, по неправдата, видена од некоја личност, се однесува кон истата личност како и неговиот непријател. Неодамна, научниците од Универзитетот во Кјото, Јапонија, тестирале кучиња за да докажат што тврдеше Стенли Корен во неговата приказна.

Во студијата учествуваа 50 кучиња со своите сопственици и три актери. Еден актер имаше улога на лице кое не сака да му помогне на сопственикот да извади предмети од кутијата, другиот актер беше неутрален и само стоеше рамо до рамо, а третиот актер му помогна на сопственикот. После тоа, кучињата можеа да избираат од кој од актерите ќе земаат храна. Милениците подеднакво ја прифатија храната од неутралниот и помошникот.

Тие заклучиле дека кучињата сметаат дека е нормално да им помагаат на другите и дека таквото однесување не е специфично за нив и затоа не ги разликувале неутралните од помошниците. Но, кога некој одбива да им помогне на луѓето кои се нивни драги, тој го прекршува „кучешкиот морал” .

ADVERTISEMENT

Facebook Comments
(Visited 4.480 times, 1 visits today)

ADVERTISEMENT